Донесена пресуда во спорот меѓу Србија и Хрватска

Од:

Меѓународниот суд на правдата во Хаг донесе пресуда по заемните тужби за геноцид на Хрватска и Србија, што со образложение ќе биде соопштена во првата недела на февруари, пишуваат српските медиуми.

Според „Политика“, „Данас“ и „Вечерње новости“ аналитичарите оценуваат дека најголема шанса има одлуката за отфрлање на двете тужби.

Весникот „Политика“ наведува дека експертите за меѓународно право не очекуваат дека судиите ќе пресудат во корист на една од двете страни во процесот и веруваат дека ќе биде донесена пресуда со која двете страни ќе бидат прогласени за виновни за некои од злосторствата извршени на хрватските, односно српски единици.

На 6 февруари ќе дојде до смена на 15 члениот состав на судскиот совет, кога заклетва ќе положат тројца нови судии со мандат на девет години Јамајканецот Патрик Липтон Робинсон, Австралијанецот Џејм Ричард Крофорд и Русинот Кирил Геворгијан.

„Вечерње новости“ наведува дека Меѓународниот суд на правдата во Хаг одлуката за спорот меѓу Хрватска и Србија ќе го објави на 3 февруари.

Главната расправа пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг по заемните тужби на Хрватска и Србија за геноцид за време на војната во Хрватска од 1991 до 1995 година почна на 3 март минатата година и траеше цел месец, наведува весникот „Данас“.

За време на едномесечна усна расправа, испитување на сведоци, изнесување докази и соочување на аргументи, претставниците на хрватска и српска страна се обидуваа да докажат постоење на геноцид.

Главен аргумент на хрватскиот правен тим е „геноцидната намера“ на Белград, која се покажала во серија злосторства извршени над Хрвати, во ист шаблон и речиси исто време. Од друга страна, главен аргумент на српскиот правен тим се доказите за геноцидна намера што се содржат во транскриптите на Брионскиот состанок, кога Фрањо Туѓман со воениот врв на Хрватска ја договара операцијата „Бура“, која резултира со геноцид.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион