Дојава за поставени бомби на важни локации во Белград

Од:

На мејлот на српски Курир е испратена порака дека на голем број локации во Белград се поставени бомби.

Како што е наведено во мејлот, експлозиви биле поставени во секое основно и средно училиште, како и секој факултет, секоја државна болница, како и на Бранков мост, Газела, Новиот Железнички мост, Мостот Ада, Мостот Панчево, Народниот музеј, Делта Сити, ТК Змај, Ада мол, ТЦ Стадион, ТЦ Коњарник, Јавен аквариум и тропикариум, секој објект на Мекдоналдс, аеродромот „Никола Тесла“, главната станица во Белград, секоја електрана и секој објект за прочистување на водата.

Во пораката се наведува дека причината за тоа е поддршката на Србија за Русија, односно поради тоа што не се воведени санкции кон Русија, како и поради тоа што сè уште функционираат летовите за Санкт Петербург и Москва.

Би можело да ве интересира

Се запали воз во Белград

Горан Наумовски

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

Џејми Оливер отвори ресторан во Белград: Познати и цените

Предраг Петровиќ

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Маж од Белград на сила принудувал девојка да скокнат заедно од зграда

Горан Наумовски

Пијан маж во Белград со нож и секира им се заканувал на сопругата и на синот