„Данас“: Дачиќ и Тачи последен пат на средба на 17-ти јануари

Од:

Премиерот на Косово Хашим Тачи на 17 јануари најверојатно за последен пат ќе преговара со српскиот премиер Ивица Дачиќ, бидејќи неговото место на 5 февруари ќе го заземе Рамуш Харадинај, тврди политичкиот аналитичар од Приштина Фатмир Шехоли, објави српскиот весник „Данас“.

– Според планираната динамика на рекомпонирање на Владата, на што се стремат и албанските партии и меѓународната заедница, најдоцна до средината на јануари треба да заврши изборното собрание во Демократската партија на Косово, на кое би требало Тачи да го потврди мандатот за претседател на партијата. Веднаш потоа ќе следи рекомпонирање на Владата. Харадинај доаѓа на местото премиер, а Тачи во Собранието ќе биде избран за претседател на Косово. Доколку Тачи не биде избран, ќе оди на општи косовски избори во мај или септември 2013 година, образложува Шехоли.

Шехоли истакнува дека во Владата на Харадинај нема да има само една српска партија – СЛС, туку и Единствена српска листа (ЕСЛ). Како што „Данас“ неофицијално дознава, Харадинај веќе имал одвоени средби со претставници на ЕЛС на Косово.

Политичкиот аналитичар Душан Јањиќ, пак ја смета за реална дипломатската комбинаторика според која Приштина веќе во средината на јануари на бриселските договори би можел да ја претставува Харадинај.

Јањиќ потврдува дека промената на чело на косовската Влада била планирана за февруари, но тврди дека однесувањето на Белград во последните недели ги убедило дури и САД и Германија, како најголеми скептици кон политичката рокада во Приштина, дека е време Харадинај да дојде на местото премиер, а Тачи да го добие потребното мнозинство во Парламентот за прв човек на Косово.

Според „Данас“ од неофицијални извори, се подготвува средба на Николиќ со претседателката на Косово Атифете Јахјага, до која наводно би требало да дојде пред промената во косовската Влада.

Во дипломатски кругови се тврди дека Јахјага, која повеќе пати го одби барањето на косовската опозиција да си замине од местото претседател, нема да прави проблем во најавената „рокада“, поради тоа што најверојатно со Тачи постигнала договор да добие високо место во косовската дипломатија, додава весникот.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Маж во Косово почина по семејно насилство: Синот е осомничен дека го претепал

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ