Дачиќ: Што требаше да направам? Да го убијам Ердоган како Мурат?

Од:

Ивица Дачиќ рече дека синоќа на свечениот прием пеел на молба на претседателот Александар Вучиќ и на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

– Колку што јас разбрав сите во салата беа воодушевени и денес тоа е главна вест во Турција. А што требаше да направам, да го убијам како Мурат? Доколку на некој не му се допаѓам нека ме сменат, рече Дачиќ.

Тој рече дека очекувал позитивна реакција од турските гости, бидејќи пеел на нивниот јазик.

– Знаев дека така ќе изреагираат,тоа е една од нивните најпознати песни, а се пее на цел Балкан, изјави шефот на српската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он