Дачиќ: Разграничување со Албанците е трајно решение за Косово

Од:

Во интерес на сите е да се постигне трајно решение за српско-албанскиот спор, до кое може да се дојде само преку договор меѓу Србите и Албанците во кој и двете страни ќе добијат и ќе загубат по нешто, оцени српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во авториски текст во весникот „Вечерње новости“.

– Тоа е идеја за компромис врз историски и етнички права. Идеја за разграничување на она што е српско, а што албанско и за нормализација на нашите односи, смета Дачиќ.

Според него, со тој договор, српските православни манастири во Косово би требале да добијат статус на „самостојни манастрирски заеднци по примерот на атолскиот модел во Грција“.

Натаму тој предлага и формирање на заедница на српските општини во јужниот дел на Косово, како и финансиски надомест за „узурпираниот приватен и државен имот“.

Тој посочува дека денес постојат главно две концепции за решавање на косовскиот проблем – „цело Косово е српско иил мора да се признае независно албанско Косово“.

– Двете концепции имаат негативни последици за српскиот народ. Правта може да се оствари само со војна, која во овие историско геополитички услови е однапред изгубена битка. Другата е погубна, бидејќи поаѓа од тоа дека се е решено, потенцира Дачиќ.

Тој вели дека во ниту еден од овие два концепти Србите не добиваат ништо, туку само губат, потенцирајќи дека неговиот предлот е заснован на желбата Србите да добијат нешто.

– Накратко за се има решение, само ако се прифатат темелите на политичките начела за решавање на српско-албанските односи во оваа историска етапа, нагласува Дачиќ во авторскиот текст во „Вечерње новости“.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски