Дачиќ: Косово нема да влезе во УНЕСКО

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека во септември со претседателот на Србија, Александар Вучиќ ќе присустува на седница на Генералното собрание на Обединетите нации, каде ќе бидат продолжени разговорите со државите за прашањето за барањето за зачленување на Косово во УНЕСКО.

Тој на годишнината на одбележувањето и поменот за убиените српски деца во Гораждевац ја нагласи силната дипломатска активност, кога е во прашање лобирањето меѓу државите-членки на ОН против приемот на Косово во УНЕСКО.

Дачиќ нагласи дека Косово во УНЕСКО нема да биде примено, бидејќи сега против тоа ќе бидат и оние држави кои биле воздржани.

Во тој контекст, додаде тој, Србија по тоа прашање веќе го победила Стејт департментот, кој претходно, како што рече „правел список со држави кој како ќе гласа“.

Тој истакна дека Србија испратила свои претставници во дваесетина земји за да лобираат против гласањето на тие држави за прием на Косово во УНЕСКО, напоменувајќи дека многу држави всушност не знаат за кој проблем станува збор.

– Тоа не се пратеници, кои ќе решат некои проблеми. Треба да информираат некои земји за што станува збор. Ако не сте биле во посета на Узбекистан 25 години не можете да очекувате од него да гласа против приемот на Косово во УНЕСКО, појасни Дачиќ.

Дачиќ исто така потсети дека редовната полугодишна сесија на Советот за безбедност на ОН, посветена на Косово ќе се одржи на 16 август.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски