Дачиќ: Имаме договор со Унгарија за отвoрање на границата, со другите соседи преговараме

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека Србија со Унгарија постигнала договор за отворање на границата за патници, додека со Романија и Бугарија се разгледуваат некои од опциите за ова прашање, јави дописникот на МИА од Белград.

-Разговаравме за нормализирање на сообраќајот, но тоа зависи и од земјите во кои сакаме да одиме. Ние донесовме одлука да ги отвориме границите кон околните земји и Унгарците беа многу заинтересирани за тоа и засега само со нив се усогласивме, изјави Дачиќ за ТВ Прва.

Тој кажа дека разговарал со министрите од околните земји, оценувајќи дека не нашол соодветни одговори од Хрватска, Црна Гора и БиХ, прецизирајќи дека министерот за одбрана на БиХ реагирал остро, велејќи дека ќе го уапси секој што ќе ја премине границата.

Зборувајќи за други земји, Дачиќ кажа дека Европската унија нема да донесе одлука да сега може да се патува во сите земји, туку секоја земја таква одлука ќе донесува постепено.

-Луѓето можат да излезат од Србија, но каде ќе одат…, забележа Дачиќ.

Тој потсети дека постои категорија на луѓе кои припаѓаат на т.н. малограничен појас, кој е околу 50 километри од двете страни на границата, укажувајќи на тоа дека овие луѓе имаат имот и деловна активност од другата страна на границата и дека би било важно тие да имаат можат да преминат.

Тој препорача да секој што сака во наредниот период да патува со авион, треба да знае дека тој процес ќе продолжи да работи со помош на државата, односно да секој од нив сепак ќе мора да има гаранција дека Србија ќе ги прими.

Дачиќ истакна дека Србија во иднина нема да може да носи самостојни одлуки, додавајќи дека е потребна поголема реакција на ЕУ.

-Европската унија нема единствен став и веројатно нема ни да го има. Првично непостоеше ниту таква единствена мерка на солидарност, оцени Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Дачиќ: Едно лице е уапсено поради закана по безбедноста на претседателот Вучиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски