Дачиќ: Хрватска манифестира антисрпска хистерија

Од:

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска оцени дека протестот на Хрватска во врска со поставувањето на споменикот на мајорот на ЈНА, Милан Тепиќ во Белград, е „бесмислен, трагикомичен и луд“.

– Тоа е лудило и антисрпска хистерија, изјави Ивица Дачиќ за српската државна телевизија РТС, по повод остриот протест што го упати Министерството за надворешни работи на Хрватска до Амбасада на Србија во Загреб, по повод откривањето на споменикот на Тепиќ, на кое присуствуваа повеќе српски министри.

Тепиќ на 29 септември 1991 година, предизвика експлозија на 170 тони муниција и мини во воениот магацин во Бјеловар, при што загинаа 11 хрватски војници.

Хрватското Министерство за надворешни работи вчера упати остар протест до Белград, оценувајќи ја постапката на Тепиќ како терористичка и предупредувајќи дека ваквите одлуки и потези на српските власти се спротивни на напорите на Хрватска за градење на добрососедски односи, наспроти „не толку далечната агресија на Србија и на ЈНА“.

Според Загреб, поставувањето на споменикот потврдува дека Србија „се уште не е подготвена да се соочи со минатото и нејзината улога во крвавиот распад на поранешната СФРЈ“.

Како одговор, српското Министерство за надворешни работи соопшти дека упатило остар протест до Хрватската амбасада во Белград, поради реакцијата на Загреб и соопштенијата до медиумите „во врска со откривањето на споменикот на херојот на ЈНА, Милан Тепиќ“.

Новите тензии во српско-хрватските односи, доаѓаат во пресрет на најавената посета на претседателот на Србија, Александар Вучиќ на Загреб следниот месец.

Вучиќ минатата недела за загрепскиот весник „Вечерњи Лист“ изјави дека Хрватите и Србите во иднина се повеќе ќе мораат да бидат сојузници, а се помалку луѓе кои ќе живеат во минатото на своите непријателства.

Би можело да ве интересира

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ