Бугарски функционери добивале до 1.500 евра за издавање пасоши на Македонци, дневно се издавале до 200 пасоши

Од:

„Еуроактив“ пишува дека високи бугарски функционери добивале се вмешани во афера дека добивале пари за издавање на бугарски пасоши на странци.

Порталот пишува дека вицепремиерот Красимир Каракачанов добивал од 550 до 1.500 евра за секој издаден пасош, а во аферата замешани се и оранешната министерка за правда Екатерина Захариева (сега министер за надворешни работи) и европратеникот Андреј Ковачев (од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов).

Бројот на кандидатите дневно изнесувал 150-200. Во целата оваа шема Македонците плаќале пари за да добијат лажен сертификат дека имаат бугарско потекло

Ова Еурактив го дознал од информаторката Катја Матева, поранешен директор на Советот за државјанство, тело што учествува во одлучувањето за доделување бугарско државјанство на странци. Захариева ја отпуштила Матева во 2016 година, откако оваа одбила да учествува во измамата.

Еурактив ги повикал Каракачанов, Захариева и Ковачев да одговорат на обвиненијата против нив. Првите двајца за веб-страницата рекле дека се изненадени од обвинувањата, додека Ковачев подоцна негирал каква било одговорност.

„Би сакал категорично и силно да ги отфрлам овие обвинувања и да ги отфрлам инсинуациите направени тука“, рекол Ковачев за Еурактив по имејл.

Државната агенција за Бугари во странство беше предмет на огромен скандал по откритијата дека издавале лажни сертификати за бугарско потекло, документ врз основа на кој може да се даде бугарска националност и лични документи.

Скандалот со издавањето на бугарски пасоши на странци е голем и медиумите пишуваат дека може да ја собори владата на Бојко Борисов. Петар Харалампиев, шефот на агенцијата, беше уапсен по обвинувањата дека е дел од организиран криминал. Тој доаѓа од ВМРО, партијата на Каракачанов.

За време на истрагата на Агенцијата, во сеф што му припаѓал на Красимир Томов, главениот секретар на институцијата, биле пронајдени околу 285 илјади евра во кеш. Тој е во притвор, заедно со Харалампиев и уште двајца други функционери, осомничени дека се дел од оваа криминална група.

Во понеделникот Борисов ненадејно објави дека Агенцијата, која е клучна за давањето пасоши, ќе биде затворена. Тој тврди дека и други институции, како што се министерствата за правда и за внатрешни работи, можат да ја завршат работата.

Сепак, подоцна во понеделникот, Каракачанов возврати дека тој предложил наместо со агенција, Бугарите во странство да бидат опфатени со сосема ново министерство.

Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ е во коалиција со Обединетите патриоти: Атака на Волен Сидеров, Национален фронт за спас на Бугарија на Валери Симеонов и ВМРО, политичка партија што тврди дека е наследник на историската Внатрешно-македонска револуционерна организација.

Лидер на ВМРО е Красимир Каракачанов, а при формирањето на владата во мај 2017 година, Симеонов и Каракачанов беа назначени за вицепремиери, додека Сидеров стана лидер на групата Обединети патриоти во Националното собрание. На 16 ноември Валери Симеонов поднесе оставка од функцијата вицепремиер, по неколкунедели улични протести на мајки на деца со попреченост, кои тој ги навреди и кои вршеа притисок тој да замине.

Информаторката Матева рекла за Еурактив дека главниот извор на приходи за ВМРО, под раководство на Каракачанов, била шемата „пасоши за пари“, која во времето кога таа била на функција се однесувала на македонски државјани.

Оттогаш, Захариева сменила мислење, вели Матева, и почнала да ја промовира политиката на Каракачанов за давање пасоши на клиенти што плаќаат. Истовремено, Захариева ги почнала напорите да ја елиминира Матева од донесувањето одлуки и наскоро ја отпуштила.

Матева, тврди дека претставила доволно докази за своите тврдења до обвинителството, но никој од трите високи функционери именувани во оваа статија не е испитан. Таа тврди дека нејзиното маргинализирање и постојаното игнорирање на нејзиното сведочење се дел од коалицискиот договор склопен меѓу Каракачанов и Борисов.

Критики за прекумерните овластувања на главниот обвинител има и Европска Комисија. Тие забележуваат дека никој нема никаков институционален надзор врз него. Сегашен главен обвинител е Сотир Цацаров, кој се смета за пријател на Борисов.

Захариева ја нарече изјавата на Матева „изненадување“, велејќи дека како претпоставена, таа отсекогаш нудела „целосна поддршка“. Захариева рече дека Матева го одбила нејзиниот предлог да назначи уште пет вработени и да го унапреди ИТ-системот. Сепак, документите што ги дала Матева покажуваат дека таа му кажала на обвинителството дека таквите обиди „да се помогне во работниот процес“ биле за да се вметнат агенти задолжени да го олеснат незаконското доставување сертификати, наместо да ја подобрат ефикасноста.

Ковачев, исто така, вели дека е изненаден од толкувањето на Матева на неговата улога. Европратеникот вели дека состанокот што го организирал со бугарската невладина организација во Македонија имал цел да се надмине блокирањето на апликациите од нејзина страна. Особено, една од апликациите била од внук на историска личност и предизвикала непријатност. „Жал ми е што оваа тема се користи за политички обвинувања и дивиденди“, се жалел Ковачев.

Поранешниот бугарски амбасадор Велизар Енчев за Еурактив рекол дека тој напишал писма до Комисијата, вклучувајќи го и претседателот Жан-Клод Јункер, комесарот за внатрешни работи, Димитрис Аврамопулос, и комесарката за правда, Вера Јурова, со детали за измамата, и побарал од извршната власт на ЕУ да преземе дејства.

Според Енчев, ЕУ не може да замижува кога европско државјанство на криминален начин се доделува на огром број странци кои плаќаат мито.

Би можело да ве интересира

Бугарската десничарска партија не успеа да формира влада

Горан Наумовски

Борисов со убедливо водство на изборите во Бугарија

A1on

„Галуп“ предвидува победа на ГЕРБ на изборите во Бугарија

A1on

Бугарија в недела повторно на предвремени избори, шести во последните три години

Орце Костов

ВИДЕО: Македонец фатен со 21 килограм амфетамин во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он