Бројот на заразени со коронавирус во Словенија се зголеми на 23 лица

Од:

Словенечките здравствени власти денеска потврдија четири нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 23 лица.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, седум од заразените се доктори и медицински персонал. Болните се чувствуваат добро и имаат слаби симптоми на заразата, а се хоспитализирани во Универзитетските клинички болници во Љубљана, Марибор и општата болница во Нова Место.

Ова информација беше објавена по состанокот на Советот за национална безбедност, кој поради ширењето на коронавирусот го свика премиерот во оставка Марјан Шарец.

На состанок беше донесена одлука да се забранат сите јавни собири и настани каде има повеќе од 100 луѓе, што претставува намалување на дозволената граница која од пред два дена изнесуваше над 500 луѓе.

Советот заклучил дека засега нема потреба од затворање на училиштата и градинките, но доколку има промена на ситуација и таа мерка за превенција ќе биде искористена.

Дополнително словенечките власти одлучија да постават термални камери и да се проверува телесната температура на сите патници кои во земјата влегуваат по копнен пат, како и они кои тоа го прават преку аеродромот Брник.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он