Борел за Албанија: Го поддржувам отворањето на преговорите за време на француското претседателство, но тоа не е дефинитивен датум

Од:

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел денеска во Тирана изјави дека „Албанија ги исполни условите за отворање на преговорите за членство и јас продолжувам да го поддржувам отворањето на преговорите за време на француското претседавање, исто како и за Северна Македонија“.

На заедничката прес-конференција со премиерот Еди Рама, Борел рече дека Албанија јасно покажа дека е еден од најсигурните партнери на ЕУ и во светот. Политиките на Албанија, додаде, се 100 отсто во согласност со политиката на ЕУ за надворешни и безбедносни прашања уште пред војната.

„Во овие времиња на испит, Албанија ја потврди својата ангажираност и посветеност на меѓународниот поредок и безбедност. Сакам особено да и се заблагодарам на Албанија за нејзината работа во светот, на меѓународната сцена како членка на Советот за безбедност на ОН. Албанија беше косоработник во подготовката на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и на резолуцијата на ОН против Русија, што всушност донесе силна осуда на Русија од меѓународната заедница, рече тој.

Исто така истакна дека „Албанија е членка на НАТО, но надвор од тоа Албанија е и обезбедувач на безбедноста и јас сум благодарен на Албанија за нејзиниот придонес во нашите заеднички мисии за безбедност во различни операции во светот“.

-Тоа е многу важен придонес што всушност се случи долго пред војната и се надеваме дека ќе расте и ќе продолжи. Ќе ја продолжиме нашата соработка за сајбер безбедноста за да се бориме против дезинформациите, што е навистина потребно сега, и предлагам да се идентификуваат нови ресурси за зголемување на безбедноста и одбраната во регионот, рече тој.

Посочи дека е време да се ревитализира процесот на проширување.

-Знам дека сте го слушнале ова во минатото. Вие, особено премиере Рама, многупати кажавте дека не ни требаат многу изјави, туку ни требаат дела и тоа е вистина. Но, подеднакво е точно дека дојде време да се ревитализира, да заживее процесот на проширување и да се интегрира Западен Балкан неповратно во ЕУ, нагласи Борел.

Борел истакна дека „Албанија навреме ги исполни сите услови за отворање на преговорите за членство.

-Уште еднаш гласно кажувам и ја поддржувам работата што се работи и ќе продолжам да го поддржувам отворањето на преговорите за време на француското претседателство. Тоа не е дефинитивен датум, но тоа е хоризонтот и времето и тоа што го кажувам за Албанија важи и за Северна Македонија. Денес на сите институции јасно им е дека повеќе од кога било мораме да ја претставуваме обединета Европа со интеграцијата на Западен Балкан. Ова мора да се исполни во тој временски хоризонт што е можно поконкретно, во рамките на француското претседателство, изјави Борел.

На изјавата на Борел дека Албанија ги исполнила условите и дека војната во Украина ја прави интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ уште поитна, Рама овој интегративен процес го опиша како свадба за што ЕУ сè уште не е подготвена. Според него „свадбата со Албанија нема сватови што потврдува дека не сме во голема љубов“.

Рама рече дека добиле изјави за љубов, но венчавката нема да се одржи не затоа што не сакаат да се појават сватовите, туку затоа што немаат време да се венчаат. Сепак, вели дека кога ќе бидат готови, свадбата нема да биде со огномет.

-Добивме и ќе добиваме изјави за љубов и заслужуваме да бидеме сакани, но нема да ги правиме подготовките за брак како порано. Овие не се појавуваат, не затоа што не сакаат туку немаат време да се венчаат. Кога ќе бидат готови, нема да има огномет, тоа ќе биде истрошен брак. Ние сме вљубени во Европа и убеден сум дека немаат време, но се принудени да се омажат за нас, рече во неговот познат стил Рама.

На ова Борел кусо рече дека „кога зборуваме за брак, има повеќе видови бракови“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Борел: Руската агресивна војна против Украина е егзистенцијална закана за Европа

Молотови коктели на протест во Тирана

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија