Борел: ЕУ почнува да работи на нови санкции против Иран поради напад на Израел

Од:

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, денеска изјави дека ЕУ ќе почне да работи на предлогот на неколку земји-членки за воведување нови санкции кон Иран во врска со нападот врз Израел.

„Некои земји-членки предложија усвојување на проширување на рестриктивните мерки против Иран. Ќе испратам барање до дипломатската служба на ЕУ да ја започне потребната работа во врска со овие санкции“, рече Борел по итната видео-конференција со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Борел појасни дека се работи за предлог за проширување на санкциите, со што, меѓу другото, ќе се ограничи испораката на ирански беспилотни летала за Русија, како и за иранските соработници на Блискиот исток, како што се групите Хамас и Хезболах.

Би можело да ве интересира

Борел: Сакаме да ја видиме Северна Македонија како напредува кон ЕУ

Катерина Ѓуровски

Борел: Орбан не ја претставува ЕУ во Москва

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Борел: Договорена е правна рамка за помош на Украина без унгарската блокада

Горан Наумовски

Борел: Признавањето на палестинската држава не е подарок за Хамас

Горан Наумовски

Борел: Земјите-членки на ЕУ поделени за палестинското прашање