Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Од:

Одржувањето на блиски врски со режимот на рускиот претседател Владимир Путин не е компатибилно со аспирациите за членство во ЕУ, предупреди денеска во Луксембург високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел.

„Влезот во ЕУ е стратешки избор на земјите од Западен Балкан и одржувањето блиски врски со режимот на Путин не е компатибилно со градење заедничка иднина во рамките на Европската унија“, рече Борел на прес-конференција по завршувањето на состанокот на странските министрите на земјите членки на ЕУ.

За време на работниот ручек, на средбата на европските министри се приклучија и нивните колеги од Западен Балкан, со кои разговараа за усогласување со европската надворешна и безбедносна политика. Србија, која преговара за членство во ЕУ, не сака да ја следи надворешната политика на ЕУ кога е Русија во прашање и одбива да ги воведе санкциите што ЕУ и ги воведе на таа земја поради нејзината агресивна војна против Украина.

Главна тема на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ беше помошта за Украина, ситуацијата на Блискиот Исток, Грузија и регионот на Големите езера. Борел најави дека ЕУ ќе ги намали политичките контакти со Грузија, чија влада се доближува до Русија, иако доби европска перспектива. Се размислува и за замрзнување на европската помош за таа земја.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Горан Наумовски

Србија: Курти шири дезинформации

Курти тврди дека Србија провоцира на граница, објави фотографии од движењето на војниците

Силен земјотрес во Србија

Земјотрес погоди два града во Србија

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија