Анкара го поздрави договорот за Нагорно Карабах

Од:

Турција денеска ја поздрави „значајната добивка“ на Азербејџан во конфликтот со Ерменија околу спорниот регион Нагорно Карабах, еден ден по потпишувањето на договорот за прекин на непријателствата со посредство на Русија.

– Азербејџан оствари значителна придобивка на теренот и на преговарачка маса. Срдечно им честитам за овој успех, напиша на Твитер министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, чија земја го поддржува Баку во конфликтот.

Под покровителство на Русија, Азербејџан и Ерменија синоќа потпишаа договор за прекин на непријателствата околу Нагорно Карабах.

Завојуваните страни, врз основа на договорот кој стапи во сила синоќа во 21 часот, ги задржуваат „позициите што ги зазедоа“.

Русија ќе распореди речиси 2.000 мировници за да се обезбеди почитување на примирјето, со кое се предвидува Азербејџан да ја врати контролата врз неколку окрузи и да одржува копнен коридор што ги поврзува териториите кои сè уште ги контролираат сепаратистите и Ерменија.

Нагорно Карабах, територија населена претежно со Ерменци, се одвои од Азербејџан, што доведе до војна во која загинаа 90.000 луѓе во текот на 90-тите години од минатиот век. Судирите меѓу ерменските сили и азербејџанската армија повторно почнаа во септември.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски