Албанскиот министер за дијаспора: Корекција на границите е желба на Србија за да предизвика тензии

Од:

Албанскиот министер за дијаспора и поранешен премиер Пандели Мајко, смета дека идејата за корекција на границите меѓу Косово и Србија претставува желба на Белград, со цел да ги зголеми тензии во регионот „како една верифицирана дипломатија, благодарение на руската поддршка“.

Тој, како што вели, повикувајќи се на историјата „професија на Србија е да предизвикува дестабилизација“.

– Србите се пропознаваат кога посакуваат дестабилизација. Ова е „професија” што историјата ја докажува. Моментно постои само една желба на официјален Белград, да ги зголеми тензиите во регионот како веќе потврдена дипломатија. Како поранешен министер за одбрана ни еден војник не го советувам на интервенција од Белград во Косово, напиша Мајко на својот профил на Фејсбук.

Според него, време е сите да реагираат бидејќи руското вилјание на Балканот може да донесе виситинска криза, бидејќи „Русија не прави бизнис, туку посакува шах“.

– Европа е позната по недостигот на акција, но не и на реакција. Навлегувањето на Србија во Косово ќе произведе домино ефект, што ќе донесе интервенција на големите сили. Треба да се знае дека Косово е држава под заштита на НАТО, оценува меѓу другото Мајко.

Тој додава дека доколку Белград сака да го корегира својот регионален статус, постои друг начин и оти тоа не поминува од непријателство кон Албанците или етничките поделби.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов