Агент на Косовската разузнавачка агенција вмешан во банкарски грабеж

Од:

Косовската разузнавачка агенција (АКИ) денеска потврди дека нејзин службеник бил уапсен под сомнение дека е вмешан во грабеж на банка во Приштина.

Косовската полиција синоќа уапси три лица, кои се обвинети дека влегле во банката и украле 13.000 евра.

Информацијата дека еден од тројцата уапсени е службеник во агенцијата за разузнавање беше потврдена и од шефот на парламентарната Комисија за надзор на АКИ Фадил Демаку.

Демаку истакна дека уапсениот службеник на АИК е времено отстранет од работното место и ќе биде суден, а доколку се докаже дека е виновен ќе добие отказ од работа.

Би можело да ве интересира

18 годишник сакал да ограби банка во Аеродром – фатен на дело

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Скопјанец со пиштол се обидел да ограби банка во Аеродром

Величковски од НБРМ: Банката не смее да наплаќа за затворање на сметка, дебитни и кредитни картички

Орце Костов

Школа за новинари на ПроКредит Банка: „Дигитална трансформација: Одговорност кон иднината на бизнисите“

А1он

На тинејџер случајно му биле уплатени 9 милиони евра на сметка: Сакал да купи Порше