Пајаковата мрежа е нешто повеќе од дом, таа всушност е затегнат инструмент. Пајаковата мрежа се смета за еден од најсовршените животински производи. Иако, исклучително тенка и лесна, пајаковата мрежа е поцврста од што ни се чини на прв поглед.
Инсектите кои пајакот ги лови со плетење на мрежа, немаат никакви шанси да се отплеткаат и да побегнат од мрежата кога ќе паднат во неа. Пајакот својата мрежа најчесто ја плете вертикално, меѓу гранки, дрвја и сите други поволни објекти, инсектите во лет да се заплеткаат во мрежата и да останат во неа.
Освен што пајаковата мрежа е многу силна, таа е и леплива, што инсектите дополнително ги оневозможува да се спасат.
Пајакот својата мрежа ја плете од посебни сокови кои ги лачи од брадавици, т.е. жлезди од долната страна на стомакот, која изложена на воздух веднаш се зацврстува и станува своевидно плетиво кое пајакот исклучително вешто го плете во сложена, често симетрична и исклучително правилна мрежа.
Научниците кои ја истражувале пајаковата мрежа и влакната од кои таа е направена, откриле дека јачината на тие влакна може да се мери со обаа на кевларот, вид на материјал од кој се произведува панцир. Притоа, пајаковото влакно е еколошко и природно се разградува, а најсилниот конец во целата мрежа е вертикалниот конец низ кој пајакот се спушта.
Покрај тоа што на пајакот му пружа дом и храна, самата мрежа може да вибрира на различни фреквенции, кои на пајакот всушност му даваат витални информации за состојбата на мрежата или за присуство на потенцијален плен.
Конците на пајаковата мрежа, неверојатно се силни и флексибилни, а веќе долго време ги фасцинираат научниците. Материјалот може да има сила, т.е. издржливост, но не и флексибилност и обратно, но никако двете.
Низ годините и еволуцијата полека ја усовршувале композицијата на конците на пајаковата мрежа за да создадат метеријал кој може да апсорбира енергија, но да не стане премногу крут.
Меѓутоа, пајакот не се грижи за високо-технолошките перформанси на својата мрежа. Тој мрежата ја прави за да привлече плен или партнерка. Но, додека ние можеме да забележиме инсекти кои се заплеткуваат во мрежата, пајакот поради својот екстремно лош вид, не може да ги види.
Наместо тоа, тие ги чувствуваат вибрациите на мрежата за да го најдат несреќниот плен или некоја деформација на мрежата. Пајакот со своето тресење на мрежата испраќа мали бранови на вибрации во секој правец и може да почувствува повратни вибрации на секоја од своите осум нозе.
– Тие ги прават тие вибрации за да добијат информации, вели Бет Мортимер, студент на докторски студии на Универзитетот Оксфорд и еден од главните научници на неодамнешните истражувања.
– Поради тоа што има осум нозе, пајакот всушност може да слуша на осум различни страни.
Национална географија – Вашингтон