Зошто кучињата копаат по кантите за смет?

Од:

Одговорот на прашањето зошто кучињата сакаат да копаат по сметот, можеби лежи во нашата заедничка историја.

Според голем број експерти, кучињата се припитомети од луѓето пред неколку илјади години, а нивнот далечен предок е волкот. Во зимскиот период волците се приближувале кон населените места во потрага по храна.

Фрлените отпадоци, остатоците од храна и коските биле вистинско доживување за волците во денови кога ловот на крупен дивеч не бил успешен, пишува портал Njuska.com.

Може да се рече дека роварењето по сметот е врежано во генетскиот код на кучињата. Вишокот храна кој го фрламе за на нас е отпадок, но за кучињата тоа е ароматично доживување што мора да се проба.

Некои кучиња копањето по сметот го гледат како игра. Пластичните шишиња и истрошените ролни хартија од кучешки агол можат да бидат многу забавни играчки или нови предмети за џвакање. Во суштина корпите за отпадоци се одлични за тркалање и скокање. Дури и ако може да се вдише некој интересен мирис на храна или коска, на кучешката среќа ќе и нема крај.

Кучиња научија и дека копањето по сметот е добар начин да се привлече вниманието на сопственикот. Ако прва реакција на сопственикот биде да му го земе од устата на својот миленик она што го извлекол од корпата, кучето тоа може да го сфати како игра на тегнење, Ова за куќињата е многу позабавно отколку трчањето по нив во обид да им се одземе „новата играчка“.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Српска водителка: „Србија е двојно помала, можеби дури и повеќе од двојно помала од Америка“

Ана Ололовска