Зоки Фаци е жив и здрав

Од:

Зоки Фаци е жив и здрав. За  А1 кажа дека биле на пат со Хелена Роза,  им се дупнала гума на возилото и најверојатно, вели, така се проширила веста.

Порталот „Либертас“, вечерва  објави вест дека во тешка сообраќајна несреќа загинал водителот Зоки Фаци, а Хелена Роза е тешко повредена.

Наскоро веста, „Либертас“ ја повлече.

Според порталот, доцна попладнево кај Сармзалино Штипско, водителот Зоран Василевски направил сообраќајна несреќа со возило марка Рено Канго. Тој наводно починал на лице место, а Хелена Роза била тешко повредена. Но како што стоеше во веста немале потврда.

Главниот уредник на „Либертас, Владе Ѓорчев, на својот профил на Facebook, напиша, дека веста за Зоки Фаци не е точна, дека како главен уредник на „Либертас“, до денеска, се оградува од веста, а за информации зошто е пуштена таква вест, пишува да се праша Ацо Кабранов.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски