Откако се проширија информациите дека младата 22-годишна актерка Кристен Стјуарт го изневерила своето момче Роберт Патинсон со оженетиот и двапати постар режисер Руперт Сандерс, нема некој што не се шокираше. Нејзиното момче веднаш се исели од станот во кој живееја заедно, таа и Руперт по неколку месеци забава престанаа да се гледаат, но сопругата на режисерот, Либерти Рос, сепак му прости на својот сопруг и татко на две деца и успеа да си го задржи својот брак.
Актерот Још Духамел и неговата сопруга, пејачката Ферги, останаа заедно и покрај гласините дека Још во првата година од нивниот брак, спиел со стриптизета во Атланта.
Веста дека поранешниот американски претседател Бил Клинтон имал афера со тогаш 23-годишна Моника Левински, вработена во Белата куќа ја изненади непријатно американската јавност. Неговата сопруга, сегашниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон остана со нејзиниот сопруг, наспроти јавниот срам и личната загуба.
Ентони Вајнер и Хума Абедин останаа во брак и покрај фактот дека овој политичар самиот призна дека во 2011 година самиот испраќал свои разголени фотографии на помлади девојки и комуницирал со нив на прилично „несоодветен начин“. Кога се појави оваа афера, сопругата Хума беше бремена, но сепак му прости се и остана со него.
Дејвид и Викторија Бекам
Тие се уште личат на едно хармонично семејство, Дејвид и Викторија Бекам, сепак и нив ги има погодено брачната криза. Славниот фидбалер постајано беше мета на весниците, особено во 2010 година кога се појави информација шти укажуваше дека пред три години Бекам поминал неколку ноќи со девојка по име Ирма Ница, позната како високо платена проститутка. Иако тој го тужеше магазинот за „ширење лаги”, сепак не успеа да докаже дека ова е лага. Во секој случај, Викторија му прости.
Телевизискиот водител Дејвид Летерман е во врска со Регина Ласко околу 25 години, а имаат и осумгодишен син. Но, тоа не му значеше баш ништо кога ја изневеруваше својата сопруга со вработените во неговата телевизија, а беше принуден и јавно да признае. Славниот комичар се изивини, Регина му остана покрај него, а страстите се смирија.