Ким Кардашијан повторно го „урна“ Инстаграм, поради тоа што фотографијата која ја објави на социјалната мрежа, за само 20 минути доби дури милион и пол лајкови и 17 илјади коментари.
Станува збор за семејна слика на Ким со нејзиниот сопруг Канје и децата.
Сите се облечени во сиво-бели тонови и се во секојдневно издание. Оваа фотографија веќе има повеќе од седум милиони лајкови.
– Семејство Вест. Божиќна честитка за 2019-та, напиша Ким.
Ким и Канје го добија првото дете во 2013-та година.