Поп-кралицата Мадона во Холандија изнајмила цело кино за да може да ужива заедно со своето момче – танчерот, Брахим Заибат (24). Парот уживаше во заедничките моменти, по уште една напорна ноќ во склоп на нејзината турнеја.
Но, филмот сепак не го гледаа потполно сами.
Ним им се придружија и Лурдес, ќерката на Мадона, менаџерот Гај Осери и магионичарот Дејвид Блејн.
Мадона (53) во киното стигна облечена како средношколка. Носеше и црни наочари за сонце, а 29 години помладиот Брахим, цело време ја држеше за рака.