Актерот Вуди Харелсон најверојатно ќе има улога во следниот филм „Војна на ѕвездите“.
Иако преговорите се уште се во рана фаза, Харелсон е првиот избор за Хан Соло во „Војна на ѕвездите“, во кој ќе играат и Доналд Гловер и Емилија Кларк, а режијата е на Фил Лорд и Крис Милер.
Продуцентки на филмот се Кетлин Кенеди и Алисон Ширмур. Харелсон и Ширмур соработуваа во филмот „Игра на гладта“.
Премиерата на новото продолжение на „Војна на ѕвездите“ е предвидена за 25 мај 2018 година.