Вуди Ален не може да најде издавач за мемоарите поради аферата за злоставување на ќерката

Од:

Американскиот оскаровец и режисер Вуди Ален, кој е обвинет дека ја злоставувал својата посвоена ќерка, не успеа да најде издавач за своите мемоари, бидејќи во Америка се стекна со статусот „персона нон грата“, пишува „Њујорк тајмс“.

Според весникот, Ален минатата година својата книга ја понудил на повеќе издавачи, но сите го одбиле поради страв од „негативен публицитет“ и од движењето „Ми ту“ (MeToo).

Раководството во американските издавачки куќи смета дека соработката со режисерот за нив ќе биде „погубна“.

Откако движењето „Ми ту“ посвети големо внимание на наводното злоставување на ќерката Дилан Фароу, кога имала седум години, Ален не може да најде издавач, иако е ослободен од обвинението.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска