Членовите на кралското семејство беа во центарот на вниманието за време на свечената церемонија пред Бакингамската палата, како дел од прославата на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора.
Општата оценка на јавноста е дека облеката на сите била одлична, дури и на оние членови од семејството кои претходно правеа грешки.
Кралицата, за себе одбра бел фустан, мантил и шешир украсени со кристалите на „сваровски“, за кои нејзината дизајнерка потрошила цела година.
Сепак ѕвезда на забавата и центар на вниманието беше Војвотката Кејт, која за оваа пригода одбра силно црвен фустан, креација на Александар Мекквин, додека принцот блескаше во својата парадна униформа.