Внуката на Џулија Робертс, Ема Робертс уапсена затоа што го удрила момчето по нос

Од:

Актерката Ема Робертс, внука на Џулија Роберт и ќерка на братот на Џулија, Ерик, е уапсена заради сомневање дека во еден хотел во Ванкувер го гризнала нејзиното момче Иван Питерс и го удрила по нос.

Инцидентот се случил пред десет дена, но информацијата дури сега стигна во јавноста. Гостите на хотелот ја пријавија тепачката и кавгата која ја слушнале од собата во која престојувале Ема и Иван.

Кога полицијата стигнала го затекнале актерот со крвав нос, иако Ема тврди дека не го удрила. Таа е уапсена, но и подоцна пуштена, затоа што нејзиното момче одби да ја тужи.

Изворот близок на двојката кои после кавгата се смириле, рече дека Иван имал и траги од гризење. Тие двајца заедно играат во хит серијата „American Horror Story“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска