Вистината за мршојадците: Колку и дали се значајни?

Од:

Би-Би-Си – Лондон

Луѓето мислат дека се одвратни поради тоа што јадат мрши, дека светот би бил поубав без нив, но ако поблиску се погледнат сите мршојадци не се грди и ќелави, а играати  значајна улога во синџирот на исхраната.

Меѓутоа, ако се занемари нивниот изглед, тие птици имаат исклучително важна улога во контрола на биолошкиот отпад, што доведува до фактот дека светот е всушност подобар со нив.

Во разбивањето на предрасудите за тие птици не помагаат документарците за животот во дивина, бидејќи доминантен мотив од африканските савани е сликата на мршојадец кој јаде остатоци од некој цицач.

Главно се снимани така да се види дека птицата ја извлекува главата од трупот на угинатото животно и ја врти кон камерата прекриена со крв и црева.

– Разбирам зошто луѓето не ги сакаат, вели чуварот во лондонската зоолошка градина Марк Хабен и забележува дека мршојадецот на свој терен е само кога лета и кога може да се види целата негова убавина и оценува дека е апсолутно убава птица.

Сите 23 видови на мршојадци летаат на големи височини од каде бараат неодамна угинати или убиени животни, објаснува тој.

Исто така, имаат неверојатно развиен вид, па во состојба се да забележат труп долг еден метар од оддалеченост од шест километри.

Поради специфичниот вид и нивната нечувствителност на се над хоризонтот, ефикасно го елиминираат заслепувачкиот отсјај на сонцето и им помага да се концентрираат на она што се случува под нив. Со тоа се објаснува зошто имаат спуштени веѓи и долги трепки.

Меѓутоа, она поради што тие птици на луѓето главно им се одвратни е поради начинот на исхрана што е многу грозна глетка. Мршојадците многу ретко јадат остатоци од угинато животно, туку ја набиваат главата длабоко во трупот и ги јадат остатоците од храната во организмот на животното.

Интересно е дека мршојадците се тивки додека ја надлетуваат жртвата, а многу гласни кога ќе се спуштат и водат меѓусебна борба околу пленот. Дури веројатно е дека разни видови на мршојадци не се борат околу пленот, бидејќи се хранат со разни делови од умрените животни, додека тоа не е случај со ист вид на мршојадци.

Тие се многу темелни во својата работа, па во рок од половина час од уфинатото животно останува само костурот, а некогаш дури ни тоа.

Според податоците на Хебен, причината за ќелавата глава на мршојадеците веројатно лежи во фактот што ја туркаат главата во трупот што би ги уништило пердувите, а вака крвта се суши и самата паѓа.

Меѓутоа се уште стои прашањето, ако тие исчезнат, дали некому би недостасувале? Одговорот на тоа може да се најде на пример во Индија.

Имено, во оваа земја жителите ја хранеле стоката со лек диклофенак, што ги отрул мршојадците кои се хранеле од угинатата стока. Во периодот од 1992 до 2007 година во тој регион бројот на мршојадците се намалил за дури 99,9 отсто, што предизвикало таложење на трупови на угинати животни.

Тоа претставувало голем ризик за луѓето, бидејќи на тој начин развивале смртоносни болести, како што е антраксот, а и водата била загадена.

Исто така, недостигот на мршојадци предизвикал и раст на беснилото кај дивите кучиња, што исто лошо се одразувало на луѓето.

– Мршојадците се контролори на биолошкиот отпад и без нив на овој свет последиците би биле многу страшни, заклучува Хабен и додава дека тие птици се по потребни отколу што сметаат луѓето.

Би можело да ве интересира

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

A1on

Момче од Бања Лука стана хит поради „костумот“ за матурската забава

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

A1on

(ВИДЕО) Неверојатно: Ја слушала навигацијата и со автомобилот паднала во море

Предраг Петровиќ