Шакира и Пике се сметаат за хармоничен пар, а овој пат ја покажаа својата љубов во јавност.
Колумбиската пејачка Шакира и нејзиниот сопруг, фудбалерот Пике, беа сликани на Дејвис купот во Мадрид, разменувајќи нежности пред присутните.
Фотографите го забележаа парот додека разменуваа прегратки и бакнежи на трибините, а кога пејачката забележа дека ги фотографираат таа со дланките им покажа форма на срце.
Шакира настапи и во финалето на тенискиот турнир, каде со сцената отпеа неколку песни. Сопругот ја поддржуваше од публиката и со насмевка на лицето ги пееше нејзините песни.