Две топлес активистки за заштита на правата на жените го прекинаа концертот џез бендот на Вуди Ален во Хамбург.
Американскиот режисер имаше настап во концертна сала, кога што две демонстрантки се појавија на сцената извикувајќи слогани и со пораки напишани на своите тела.
Двете жени се членки на организацијата за женски права Фемен и се обиделе да прочитаат писмо од посвоената ќерка на Вуди Ален, Дилан Фароу, објави Билд.
Долан Фароу го обвинува Вуди Ален за сексуални напади во 90-те години од минатиот век. По концертот активистки на Фемен делеле и флаери со пораки.
По концертот Вуди Ален објави кратка изјава опишувајќи ги жените кои протестирале како „глупави“.
Во февруари 2014 година Фароу објави јавно писмо за сексуалните напади врз неа од страна на американскиот режисер и тоа беше објавено во „Њујорк тајмс“, но 81-годишниот режисер никогаш не беше изведен пред суд.