Познатиот холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер беше нападнат за време на посетата на Јужна Африка.
Во текот на разговорот со луѓето во салата каде се одржуваше манифестација во рамките на Спортскиот фестивал на Арнолд, тој без причина беше нападнат од непознат маж, со удар во скок од зад грб.
По првичниот шок, популарниот актер стана од подот и набрзо продолжи да разговара со присутните како ништо да не се случило.