ВИДЕО: Сандра Булок и Кијану Ривс открија тајна чувана децении

Од:

Еден од најпопуларните филмови од 90-тите години секако е „Брзина“ од 1994 година, во кој главните улоги беа доделени на Сандра Булок и Кијану Ривс.

Додека го снимале филмот, холивудските ѕвезди се заљубиле еден во друг. Меѓутоа и покрај тоа тие двајца никогаш не биле во врска.

Најпрво тоа го признала Сандра Булок, кога во декември минатата година гостуваше во емисијата на водителката Елен Деџенерис.

– Тој беше згоден. Беше тешко за мене да бидам сериозна. Ме гледаше, а јас се кикотев, рече Сандра и додаде дека не била во врска со Кијану.

Пред неколку дена Ривс гостуваше во истата емисија, а водителката Елен Диџенерис му ја пуштила снимката од Сандра кога таа признава дека била вљубена во него.

– Таа очигледно не знае дека јас бев заљубен во неа. Беше убаво да се оди на работа. Таа е прекрасна личност, призна Кијану.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска