Рајан Рејнолдс го објави рекламниот спот за својот џин-тоник „Евиејшн“, којшто го сними во Хрватска пред два месеца.
– Откако се вљубив во „Евиејшн“, не купив шише повеќе, туку ја купив цела компанија. Кога „Евиејшн“ стана најбрзорастечки џин во светот, одлучивме шишињата да имаат потпис, а јас одлучив лично да го обликувам секое шише, а потоа да ги изгравирам рачно… Всушност, можете ли воопшто да отидете предалеку кога се работи за Вашата компанија? – Не можете, вели Рајан во видеото во коешто прикажува како се изработуваат шишињата.
Рејнолдс стекна удел во копанијата „Евиејшн“ во февруари 2018 година.