Откако пред скоро десет години се распаднаа, една од најпопуларните женски групи „The Pussycat Dolls“, повторно заедно. Првиот настап го имаа во емисијата „X faktor“, а Никол Шерцингер била особено возбудена.
– Беше прекрасно повторно да настапуваме заедно. Енергија од публиката беше неверојатна и не поттикна да одиме понатаму, рече Никол.
Меѓу другото „Pussycat Dolls“ планираат и турнеја која ќе биде дел од нивното враќање на музичката сцена.
– Турнејата ќе биде голема, а девојките ќе ги пеат своите најголеми хитови. Дури се споменуваат и некои нови песни, но тоа не е потврдено, пишуваат странските медиуми.
Најмногу настапи се планираат во Велика Британија, а турнејата ќе почне наредната година.