ВИДЕО: Новата Мис на Русија ја нападнаа „бидејќи е Татарка“

Од:

Новата Мис на Русија, Елмира Абдарзакова (18), неколку дена по изборот за најубава девојка во земјата, беше принудена да го згасне профилот на социјалната мрежа поради бројните пораки со омраза на национална основа.

Елмира, ќерка на русинка и татар од сибирскиот Кемеров се соочи со негативни реакции на етничка основа од страна на руските националисти, што ја принуди да се повлече од популарната руска социјална мрежа Vkontakte.ru “за да ги избегне понатамошните провокации”.

elmira2

Едно лице напишало дека би морало да постои закон со кој на “татарските жените и на етничките Шори ќе им биде забрането да се натпреваруваат во убавина”.

Елмира додаде дека коментарите се мотивирани од “расизам и национализам”, но луѓето кои се во центарот на вниманието на медиумите, мора да очекуваат и негативни реакции.

elmira3

Оваа студентка по економија, освои 100.000 долари, луксузен автомобил и можност да ја претставува земјата на натпреварите за Мис на светот и Мис на Универзумот.

elmira4

Елмира рече дека парите ќе ги инвестира во својот роден град.

Би можело да ве интересира

Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скандал на избор за мис – експресно ѝ ја одзедоа титулата на разведена убавица

Жарко Настоски

Мис Мукерџи замина во својата татковина за да и помогне на земјата од Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

Во Германија избрана „Мис 50 +“

Ана Ололовска