Според многумина, Јована Ѓорѓевиќ е најжешката девојка родена во Нови Сад, а сега нејзината убавина се пробива низ светските граници.
Српската манекенка Јована Ѓорѓевиќ, е активна на социјалните мрежи, со над 300.000 следбеници на „Инстаграм“. Сопругата на фудбалерот Филип Ѓорѓевиќ и мајка на две деца нема проблем да го покаже своето совршено тело, а има и со што да се пофали.
Таа ја истакна фигурата во тесни кожени хеланки и високи потпетици, а судејќи според коментарите подолу, многу жени добија инспирација од нејзиниот изглед веднаш да одат во теретана.