Членовите на екипата на бродвејскиот мјузикл „Кралот на лавовите“ влегле во еден воз на подземната железница во Њујорк и правејќи вистински спектакл со изведба на познатата воведна песна „The Circle of Life“.
Сите патници кои очекувале само уште едно здоевно патување добиле сосема спротивното, кога триесет луѓе од екипата на мјузиклот им приредиле изведба за воодушевување.
Ова не е прв ваков настан, бидејќи глумците сакаат да прават изненадување со кои патниците ќе уживаат. Во април нешто слично направија и актерит од „Кралот на лавовите“ од Бризбејн, но нивното шоу беше одржано во авион.
„Кралот на лавовите“ минатата година стана прва бродвејска претстава со заработка од повеќе од милијарда долари.