(ВИДЕО) Мис Бумбум: Бразилците избраа најубав задник

Од:

Карине Фелизардо, манекенка со прекрасни облини од бразилската држава Пара, ја освои титулата на “Мис бумбум” и сега може да се пофали дека има најубав задник во Бразил. Избор се одржа во хотел во Сао Паоло и привлече големо внимание на медиумите.

Жирито составено од шест жени и пет мажи внимателно ги набљудувало задниците на 15 финалистки, и на крајот одлучиле дека наградата треба да и припадне на дваесет и петггодишната Карина Фелизардо.

Убавицата доби чек на 2.500 долари, а првата и втората финалистка, Андреса Урах и Камила Верналиа, беа наградени со помали парични износи.

– Многу сум среќна. Сакам да се заблагодарам на сите кои гласаа за мене, и секако на моето семејство кое веруваше дека можам да успеам – рече победничката, додека ја примаше наградата, едвај воздржувајќи ги солзите.

Манекенката, која моментално нема дечко, додаде дека е многу горда на својот “бумбум”, како што бразилците го нарекуваат задникот. Таа верува дека запобедата се заслужни годините на напорно тренирање во теретана.

На натпреварот учествуваа 26 претставнички, од кои еден дел е елиминиран со онлајн гласање. Жирито, во кое беше и минатогодишната “Мис бумбум” Розана Фереира,донесе тешка одлука откако девојките прошетаа на пистата, прво во фустани, а потоа со танга гаќички.

Иако натпреварот за најубав задник на странците може да им изгледа лудо, бразилците се среќни што во нивната земја, каде што минатиот месец имаше 300 убиства, конечно се случува и нешто убаво.

Дамите напорно се подготвуваа за финалето, па така некои од нив сурфаа, а други правеа вежби за да ги претстават своите атрибути во најдобро светло.

Веста за победничката предизвика поплава од љубоморни коментари на интернет. Коментирајќи ги фотографиите на натпреварувачките, една девојка напиша:

– Слатки се, но мислам дека имам поубав задник од повеќето од нив. Ќе мора да се пријавам следната година.

Женскиот задник има посебно место во културата на Бразил, и често е предмет на восхит.

Како што истакна организаторот на изборот за “Мис БумБум” Какау Оливер, задниците на Бразилките се привлечни поради мешање на расите и тропската клима во која девојките растат.

Би можело да ве интересира

Руската мисица смета дека изборот е наместен: Сите бегаа од мене зашто сум Русинка

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Во Хрватска уапсена поранешна мис на Мексико за кражба на вино вредно 1,6 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Скандал на избор за мис – експресно ѝ ја одзедоа титулата на разведена убавица

Жарко Настоски

Мис Мукерџи замина во својата татковина за да и помогне на земјата од Ковид-19

А1он

ВИДЕО: Убавицата од Јамајка прогласена за нова Мис на светот

Ана Ололовска

Во Германија избрана „Мис 50 +“

Ана Ололовска