Риалити ѕвездата Марко Миљковиќ и приреди вистинско изненадување на својата девојка Луна Џогани, кога ја побара за жена и тоа баш на денот кога започнува новата сезона на шоуто каде што тие се запознаа.
Миљковиќ организирал се во тајност и мислел на секој детаљ.
Кога Луна стигнала во кафулето каде што се било декорирано по тој повод, Марко извадил прстен и клекнал пред нејзе, по што ја прашал дали ќе се омажи за него.
Таа воодушевено рече „да“ по што следеше бакнеж и прегратка.
Тие двајца беа заедно во реалното шоу Задруга, каде имаа турбулентен однос. Луна е ќерка на Анабела и Гаги Џогани, а стана популарна по шоуто.