ВИДЕО: Мадона сака револуција против малтертирањето на ЛГБТ заедницата

Од:

Мадона, на 24-тите награди – Геј и Лезбејска Алијанса против клевета, облечена во униформа на извидници, ги нападна критериумите на организацијата за извидници, воедно говорејќи 10 минути за правата на хомосексуалците. Овој настан е прв од три настани годинава кои се одржуваат за да одадат почит на најдобрите презентации на лезбејките, геј мажите, бисексуалците и транссексуалците во медиумите.

„Сакав да бидам извидник, но тие не ми дозволија да се приклучам… Знам да запалам оган. Знам како да склопам шатор… Слушајте, сакам да правам добро за заедницата… Мислам дека треба да ми е дозволено да бидам извидник. И мислам дека треба да си ги променат глупавите правила“, вели Мадона.

„Повеќето луѓе не се удобни со работи или луѓе кои тие ги перцепираат како различни од себе, и јас би се кладела дека ако одвоиме време да се запознаеме едни со други, направиме свои истраги, погледнеме под површината на работите, ќе видиме дека сепак не сме толку различни“, додава пејачката.

Мадона потсети и на вознемирувачките силеџии во САД, кои во последните години се поврзуват со голем број тинејџерски самоубиства.

„Кога помислувам на младите денес во Америка кои се измачувани, кои си го одземаат својот живот бидејќи се чувствуваат сами и осудени, како прогонети и неразбрани, сакам да исплачам река од солзи“, вели таа.

„(Силеџиската епидемија) не е различна од белец кој беси црнец на дрво пред движењето за човекови права. Тоа не е поразлично од член на Талибан да страл млада девојка во главата поради записи на блог за важноста на образование на жената. Не е полудо од ирански геј маж да биде обесен поради љубов кон друг маж. Не знам за вас, ама јас не можам да го поднесам ова ср*ње повеќе. Поради ова сакам да започнам револуција. Дали сте со мене? 2013-та е, луѓе. Живееме во Америка – земјата на слободните, домот на храбрите – тоа е прашање, не е заклучок“, додава Мадона.

Потоа пејачката го претстави Андерсон Купер, презентер на Си-Ен-Ен, кој е награден за најдобра презентација на ЛГБТ заедницата.

Јaсна Атанасова

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска