ВИДЕО: Кој е посилен од Чак Норис? Семејство од Бразил

Од:

Излегува дека сепак постои некој кој може да го претепа Чак Норис! Легендарниот актер, кој стана непресушен извор на инспирација за кажување шеги, еднаш го претепале членови на едно бразилско семејство кои тренираат Џиу-Џицу.

– Бев во Рио де Жанеиро на одмор и почнав да тренирам Џиу Џицу. Во секое училиште на таа боречка вештина се споменуваше извесно семејство, па морав да дознаам кои се тие – ја започна својата приказна Чак Норис.

Вицот вели дека кога Чак Норис го става прстот во струја таа самата себе се удира, но познатиот актер откри дека постои некој кој успеал да го онесвести со еден удар.

– Јас ги запознав и ги прашав дали би можел да тренирам со нив. Имав црн појас во џудо, па мислев дека би се справил со нив. Бев со Риксон Грејси на партерот и тој буквално си играше со мене. Тогаш се обидов со неговиот татко, кој беше ситен човек. Ми рече да го удрам. Го послушав. Следното нешто на што се сеќавам е дека се разбудив од несвест. Грлото ме болеше, не можев да голтам, а тој ми се извинуваше – откри Чак Норис човек кој е толку кул што овците кога одат на спиење, го бројат него.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска