ВИДЕО: Ќерката на Хали Бери мораше да да ја избричи главата поради оштетување од хлор

Од:

Хали Бери мораше да ѝ ја избричи главата на ќерка сѝ по оштетување на косата од хлор. Глумицата за тоа говореше во последното нејзино видео-интервју од дома за „Вечерното шоу“ на Џими Фелон.

Таа вели дека тоа е затоа што Нала (12) редовно вежба пливање, но не ѝ дозволувала на мајка ѝ да ѝ ја чешла косата по излегување од базенот.

– Претсиноќа, додека работевме на нејзината домашна задача, Нала ми вели: Мамо, се плашам да ти кажам, но пипни ми го задниот дел од главата… Целата нејзина коса, која достига преку рамењата, се претворила во „вештачко крзно“. Само малку што ја повлеков, таа почна да вреска, објаснува Хали Бери.

Глумицата се обидела да ја третира со балзам и чешлање, но на крај бричењето било неизбежно.

– Тоа и не ѝ се допадна баш, но тоа беше единствениот лек. И, сега (Нала) разбра… Прво, ѝ реков дека мора да ѝ дозволи на својата мајка да ѝ помогне. Второ и поважно од сѐ, ѝ велам – сега научи дека мораш да си ја чешлаш косата, секој ден! Така, таа сфати оти треба да ме слуша, додаде Хали.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска