Иако Мик Џегер и Кит Ричардс во познатата песна „I can get no satisfation“ пеат за неможноста да почувствуваат задоволство, сега конечно се чувствуваат поинаку бидејќи еден мал камен на Марс е именуван по нивната легендарна рок група Ролинг Стоунс.
Американската вселенска агенција НАСА го нарече „Камен на Ролинг Стоунс“ (Rolling Stones Rock) откако роботизираната вселенска сонда Инсајт го снимила како се тркала по површината на Марс.
Веста прв ја објави американскиот глумец Роберт Дауни Јуниор, кој се качи на сцената на стадионот Роуз Боул во Пасадена, во Калифорнија, само неколку минути пред да се појават Ролинг Стоунс.
The most ambitious crossover announcement in space?@NASAInSight just named "@RollingStones Rock" on Mars in honor of the band. Watch @RobertDowneyJr announce the @NASA news live on stage at the Rose Bowl ahead of tonight's concert. https://t.co/868Gbervw1 #MarsRocks pic.twitter.com/xETMzS0H9y
— NASA JPL (@NASAJPL) August 23, 2019
Потоа Мик Џегер го искористи моментот меѓу неколку песни да и каже на публиката дека НАСА им подари на Ролинг Стоунс нешто за кое од секогаш сонувале, „наш сопствен камен на Марс“.
Hello “@RollingStones Rock” Who could hang a name on you? Um… us!
When @NASAInsight touched down on the Red Planet, its engines sent a rock rolling across Mars' surface. We named it for the band. Take a closer look and learn how #MarsRocks get named: https://t.co/xY0TfoksJP pic.twitter.com/BZlABAMaZJ
— NASA (@NASA) August 23, 2019
– Не ми се верува, изјави Џегер, додавајќи дека доколку би можел би сакал да го донесе тој камен и да го стави на каминот во својот дом.