ВИДЕО: Јахтата на Оназис се продава за 25 милиони евра

Од:

Сопствениците на луксузната јахта „Кристина“, што претходно беше во сопственост на грчкиот бродски магнат Аристотел Оназис, се продава по цена од 25 милиони евра, пишува весникот „Вима“.

Пред да почине во 1975 година Оназис јахтата и ја остава на својата ќерка Кристина. Таа подоцна ја подари на грчката држава, за да биде користена како претседателска јахта.

Преименувана е во „Арго“, но набрзо потоа е напуштена и продадена. Во 1998 година јахтата ја купува грчкиот бродски магнат Џон Пол Папаниколау, пријател на фамилијата Оназис. Тој го враќа старото име и ја реновира од 1999 до 2001 година.

Од 2005 година досега „Кристина О“ се издаваше по цена од 450 илјади евра за една недела. Папаниколау почина во 2010 година во Атина, а неговите наследници сега јахтата ја ставија на продажба.

Јахтата е изградена во 1943 година и на неа присуствувале голем број познати и историски личности, симболи на една епоха, како што се Џон Кенеди, Винстон Черчил, Франк Синатра, Мерилин Монро, Елизабет Тејлор, Ричард Бартон и Џон Вејн.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска