46-годишната Хајди Клум и оваа година е „кралица“ на Ноќта на Вештерките.
Таа беше маскирана во зомби на својата „20 Halloween party“.
Медиумите и оваа година нејзиниот костим го прогласија за најдобар.
Во маската на германскиот супермодел се вклучени големи количини силикон, бои и додатоци.
За маската биле потребни 10 часа, а целокупните подготовки можат да се видат на видеата и сликите кои Хајди ги сподели на Инстаграм.