Поп пејачка Лејди Гага одржа гала вечер во музејот „Гугенхајм“ во Њујорк по повод лансирањето на нејзиниот парфем „Fame“.
За оваа пригода во „Гугенхајм“ беше поставено големо шише, во форма на шишето од парфемот, во кое Гага пред присутните изведе риалити шоу, односно сите гледаа како таа се облекува, шминка, тетовира и игра во „живо“.
Меѓу оние кои присуствуваа имаше и многу познати личности, како Линдзи Лохан, Парис Хилтон и Јоко Оно.