Познатата американска глумиица Енди Мекдауел, како и САД и целиот свет, е во карантин, па ја покажа својата природна боја на коса, која сега е „сребрена“, односно – седа, побелена.
– Што се случи? Па, јас не ја бојадисував косата, но таа е полуобоена назад тука, вели таа во видеото на Инстаграм, допирајќи си го задниот дел од главата. – Може да ги видите и моите корени, а ќерките ми велеа дека изгледам лошо… Ми се вртеше и тоа низ главата – дека може да изгледам лошо… Но, сега навистина ми се допаѓа. Затоа, сега и уживам во тоа, истакнува глумицата.
Таа притоа, остава простор дека „за пет години повторно“ ќе си ја бојадиса косата, но, повторно истакнувајќи – сега ужива во неа. – Јас сум „сребрена лисица“. Таква сум сега!, вели глумицата, која инаку е на почетокот на седмото десетлетие од својот живот.
Таа смета дека физичккото дистанцирање и носењето маски ни даваат поголема дискреција за тоа колку, или кои делови од нашиот изглед ги покажуваме.
– Мислам дека тоа е нешто што им дава на луѓето малку одмор од оние социјални норми, за да можат да проценат што им прилега, а што не, и тоа може да биде добра работа. Карантинов, конечно може да ме натера да ја засакам мојата сива коса, вели Енди.