50-годишната Џенифер Лопез во низата успеси оваа година, може да го впише и тоа што прошета на ревијата на познатиот моден бренд Версаче како да е еден од најбараните светски модели и тоа скоро 20 години подоцна, откако зелената креација во 2000-та година „го урна“ интернетот на доделувањето на Греми наградите.
На 20-годишнината на луксузната модна куќа „Версаче“, која на модната недела во Милано ја претстави колекцијата за пролет-лето 2020, Џенифер Лопез имаше чест да прошета по пистата, повторно во зелена креација која совршено ги истакна нејзините облини и телото без маани.
Џенифер чекореше на пистата како да има зад себе децении искуство.
Таа позираше и со Донатела Версаче, а воодушевувањето од нејзината појава, никој од присутните на ревијата не можеше да го сокрие.