ВИДЕО: Џастин Тимберлејк му честита роденден на дете со аутизам

Од:

Популарниот пејач, Џастин Тимберлејк уште еднаш покажа дека има големо срце и на својот концерт заедно со уште 25.000 фанови испеа „Среќен роденден“ на осумгодишниот Џулијан, кој боледува од аутизам.

Момчето имало желба за својот роденден да присуствува на настапот на омилениот пејач, поради што родителите го однеле на концертот.

Во еден момент сакајќи да му го привлече вниманието на Тимберлејк тоа извикало дека му е роденден и дека тоа е неговиот подарок.

Во скандирањето му се придружиле и луѓето кои што биле во негова близина, а потоа и остатокот од публиката, по што пејачот започнал да ја пее роденденската песна.

-Беше многу убаво, сите пееја, дури 25.000 лица. Мојот син беше многу среќен, го забележав тоа во неговите очи. За него тоа беше посебен момент, бидејќи го обожава Тимберлејк-раскажува Марика, мајката на Џулијан.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска