Холивудската актерка Џенифер Гарнер е задоволна сопственичка на компанијата „Once Upon a Farm“ која произведува органска храна за бебиња. Бидејќи е вклучена во земјоделството, во својата компанија има и голем број трактори.
Актерката одлучи да им покаже на своите следбеници на својот профил на „Инстаграм“ како управува со трактор, но и како ќе изгледал нејзината новогодишна прослава на фармата.
Таа без страв и со насмевка на лицето го возеше тракторот поздравувајќи ја камерата.
Џенифер исто така гордо покажа како го накитила кокошарникот.