Иако драстично ослабе, луѓето и понатаму се изненадени од нејзиниот изглед, поточно нејзината фигура.
Адел изгуби неверојатни 45 килограми за една година. Својата нова фигура ја покажа неодамна на забавата организирана по доделувањето на Оскарите. Пејачката инаку избегнува јавни настани, но папараците се трудат на разни начини да стигнат до Адел и да ја фотографираат.
Иако вешто се чува од папараците, Адел викендов беше во Лондон на свадбата на нејзините пријатели, каде што пееше, а снимките и фотографиите од неа завршија на социјалните медиуми.
Адел беше во добро расположение, па го отпеа својот голем хит „Rolling In The Deep“ како и од хит групата Спајс Грлс „Spice Up Your Life“.